Изведба на акустична изолација

Системи за звучна изолација во меѓукатна конструкција- Нови згради- пловечки кошулици


За да се оствари потребната изолација од бучава предизвикана од удари помеѓу одделни единици за живеење, треба да се постави материјал со капацитет за апсорпција на вибрациите помеѓу изворот на бучавата и соседните структури. При промена на условите или состојбите, ваквиот материјал може да биде нанесен на различни места: помеѓу плочата и кошулицата, или помеѓу кошулицата и завршниот материјал на подот, или пак директно под подот. Последново решение не е особено ефикасно иако често се применува при интервенирање во веќе постоечки згради или на места каде други решенија не се возможни. Причината е неможноста за превенција на страничниот структурален пренос на бучава, кој во тие случаи сешири низ ѕидовите. Поради ова, најчесто усвоеното решение е „пловечка кошулица“, направена со вметнување на материјал кој ги намалува ударните звуци помеѓу плочата или меѓукатниот слој и кошулицата. Ваквото решение често се применува во нови згради и генерално, секаде каде што мора да се инсталира носечка кошулица со дебелина од најмалку 4см. Се смета дека пловечката кошулица е најдоброто решение за подобрување на акустичниот комфор и запазување на акустика во дадената законска регулатива.

Инсталирањето на пловечката кошулица се состои во изработка на „затворена кутија''во која што ќе се сместат кошулица и материјалот за под и на тој начин ќе останат изолирани од структурата која ги опкружува. Материјалот за зучна изолација од ударни звуци, доколку е правилно монтиран, делува како амортизер кој ги придушува вибрациите произведени од чекорење и удари на пловечката кошулица и подот. Поради тоа, следењето на прописите и упатствата за инсталација е од огромна важност. Минималната дебелина на пловечката кошулица се пресметува замајќи ги предвид карактеристиките на материјалот кој се користи за изработка на кошулици имеханичкиот стрес на кој кошулиците би била изложена во нормални услови на употреба.